Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Советниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ од Општина Центар бегаат од референдум за кулите кај Холидеј Ин

    На вчерашното продолжение на четвртата седница на Општина Центар на која на дневен ред беше поставена точката на ЛЕВИЦА – Одлуката за распишување на референдум за суспендирање на ДУП кај паргингот кај Холидеј Ин.

    Советниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не се вратија по паузата која беше дадена пред започнување на продолжението на 4 седница. Па така поради немање кворум седницата беше одложена и продолжението ќе биде повторно додатно закажано.

    Со ваквиот потег логички се поставуваат прашањето:
    – Кого штитат советниците од овие две “големи” партии со минирање на Одлуката за референдум?!

    Дали градежната мафија влезе и во овој состав на Советот во Центар?!

    Зошто се плашат од гласот на народот?!

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЦЕНТАР

    20.05.2022г.

    Најнови објави