(Видео) Не смееме да дозволиме да имаме полна каса, а гладни ученици во училиштата

katerina jovanovska katerina

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Oбраќање на советничката на Левица во Град Скопје Катерина Јовановска. На денешната 11-та седница на Советот на Град Скопје на дневен ред беа и финансиските извештаи за распределба на средствата од сопствените приходи на средните училишта во град Скопје.

Непобитен факт е дека сите 23 средни училишта минатата година работеле со добивка, а таа добивка е резултат на фактот дека многу малку училишта ги користеле овие средства.

Само две училишта дел од овие средства ги употребиле за санација на кров, тоалети или за потребите на самото училиште и само едно училиште дел од овие средства ги донирало за лекување на ученичка на тоа училиште.

Неодамна, ученик кој што може да си дозволи само еден оброк на ден и кој немал свои средства за аплицирање, освои 3то место на натпревар по математика.

Од тука, логично се наметнува прашањето зошто дел од овие средства да не се искористат за помош на ваквите ученици или за другте потреби на училиштата?

Средствата од сопствените приходи, училиштата треба да ги користат за самите училишта или за самите ученици, за да не се доведеме во ситуација да имаме полна каса, а гладни ученици во училиштата.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Скопје

19 мај, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ