ИНТЕРВЈУ НА КРМОВ ЗА ЛИДЕР: Левица и претходно блокираше штетни закони, но изостана реакција на ДПМНЕ

Borislav-Krmov-Levitsa-Popis

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Интервју на пратеникот на Левица, Борислав Крмов, за порталот Лидер.

Лидер: По блокадата на Собранието, ДПМНЕ најави протести почнувајќи од 18 јуни како одговор на актуелната политичка состојба во земјава и бара предвремени парламентарни избори. Дали Левица ги поддржува овие чекори на ДПМНЕ и дали на 18 јуни ќе бидете на улица?

– Целосна блокада на Собранието е радикален чекор и чекор кој единствено е оправдан после голема политичка криза. Левица повеќепати ја повикуваше опозицијата и посебно најголемата опозициска партија ДПМНЕ, да изреагира на системското кршење на Уставот и Деловникот во Собранието, незаконското наметнување на двојазичност и кршењето на основните права на пратениците од опозицијата, нивните предлог-закони да се најдат на дневен ред и да се отвори расправа. Реакциите беа млаки или изостанаа.

Во таква ситуација Левица како единствена опозиција на овие процеси, минатата година блокираше триесетина закони предложени од Владата, за да го сврти вниманието на јавноста после „шверцувањето“ на Законот за државјанство со европско знаменце со кој поранешниот Премиер Зоран Заев ја „купи“ Алтернатива која подоцна влезе во новото мнозинство. И можеби најголем повод за ваков тип на радикализација на ДПМНЕ требаше и мораше да биде крајно сомнителното отсуство на пратеникот Кастриот Реџепи од седницата за гласање на недоверба на Владата. Иако тогаш од страна на ДПМНЕ беше најавена радикализација, таа изостана.

Ако го додадеме и фактот дека предвремени избори во моментов најмногу му одговараат на ДУИ (поранешниот долгогодишен партнер на ДПМНЕ) се отвора сомнеж околу невообичаениот тајминг и искреноста во намерите на опозицијата. Но, и покрај се, Левица принципиелно како опозициска партија ги поддржува сите обиди за рушење на оваа нелегитимна, ненародна и криминална власт, па така ќе го поддржи и овој.

Лидер: Дали Левица и опозицијата во овој моментов се однесува проактивно во решавањето на актуелните проблеми и време на повеќеслојна криза?

– Проактивно делување со Влада чија неспособност и немање на визија е на очиглед на сите, која владее криминално, која во Собранието секојдневно го крши Уставот, законите и собранискиот Деловник, која премолчено го одобрува насилничкото однесување на ДУИ и нејзините функционери, е невозможно. Таа Влада пратениците од опозицијата сака единствено да ги користи за кворум во Собранието, нешто за кое често самата не е способна.

Истовремено им ги ускратува уставно загарантираните и од народот дадени права на непосредни избори. Со таков еден политички Франкенштајн како што е Владата на капитулантите од СДСМ и политичкото крило на УЧК, ДУИ, не може да се делува проактивно. Таквата Влада е непоправлива и штета сама по себе. Таква Влада единствено се руши.

Лидер: Кој е следниот чекор кој треба да го повлече власта, за да излезе од политичкиот лавиринт, со цел подобар живот на граѓаните?

– Оваа Влада нема никаков политички легитимитет да владее и тоа повеќепати го имаме истакнувано. Најголем дел од клучните луѓе во СДСМ кои ги предводеа изборите во 2020 година, се повлекоа. Премиерот Ковачевски не е избран од народот и никогаш во неговата прекратка политичка кариера не бил ни носител на изборна листа. Неговиот политички капитал е единствено „миропомазанието“ кое го доби од страна на поранешниот премиер Зоран Заев и на тој начин беше избран за лидер на СДСМ.

Ако на ова се додаде очигледната неспособност на Владата при катастрофалното менаџирање со Ковид кризата (каде рушевме рекорди во смртност), па потоа со повеќеслојната енергетско-економска криза која ни донесе галопирачка инфлација и астрономски цени на енергенсите и храната (кои сеуште растат), јасно е дека освен нејзино распуштање и предвремени избори, ништо не оди во прилог за обезбедување подобар живот на граѓаните на Република Македонија.


Интервјуто изворно прочитајте го на следниов линк.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ