Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Аврамоска: ДПМНЕ и нивните локални медиумски сателити шират лаги и клевети за присуство на комисии

    Излагање на советничката Виолета Аврамоска за пласираните невистини во одредени медиуми дека поради нејзино отсуство, не се изгласа социјална помош за неколку семејства. Зошто претседателот на Комисијата за финансии и буџет, БЛАГУНЧЕ ЧУЛЧЕСКА од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, не го демантираше советникот на Левица?

    „Комисијата за финансии има пет членови и многу често сме одржувале комисии и сме носеле одлуки само со три членови. За прв пат јас бев спречена да присуствувам на Комисијата заради здравствени причини и тоа беше најавено на претседателотна Комисијата.

    Бидејќи беше искажана клевета во медиумите, дека заради мене не се изгласала одлука за социјална помош на неколку семејства, сакам да потенцирам дека ова ми е прв пат да отсуствувам и за тоа беше известен претседателот на Комисијата.

    Дури и го прашав претседателот ако нема кворум дека стојам на располагање да дојдам, меѓутоа истиот ми кажа дека има кворум.

    Ова сакав да го разјаснам во врска со присуството на комисиите, а зошто другите колеги не присуствуваат на комисиите, јас ќе побарам записници од сите комисии и јавно ќе бидат објавени кои советници присуствуваат на комисии, а кои не.”

    Вистината за Седницата на Комисијата за финансии и буџет во врска со барањата за еднократна помош, беше кажана на 11 Седница на Советот на Општина Охрид, од страна на советникот на Левица, Виолета Аврамоска, но ниту еден медиум не ја објави .

    Зошто Претседатседателот на Комисијата за финансии и буџет, Благунче Чулческа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, не го демантираше советникот на Левица? Зошто не ја кажа дирекно на седницата лагата која ја пласираше во порталите?

    Најнови објави