Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Пратеникот Игор Здравковски од ДПМНЕ наплати 275 658 денари за патни трошоци

Пратеникот Игор Здравковски од Велес, од август 2020 година до март 2022 година наплатил 275 658 денари за патни трошоци, покрај месечната плата што изнесува околу 100 000 денари.

Ние прашуваме, дали пратеникот Игор Здравковски при плата од околу 100 000 денари, трошоците за превоз до Скопје, ќе почне да си ги плаќа или ќе продолжи да користи патни трошоци како досега, на грбот на народот?

Левица како политичка партија се залага за патни трошоци во износ од месечна автобуска карта за да не се продолжи злоупотребата на народните пари од страна на ненародните пратеници.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-ВЕЛЕС

25.МАЈ.2022

 

Најнови објави