Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Еколошка катастрофа во Струга поради нелегални градежни активности

Жител на струшкото село Франгово при извршување на нелегални градежни активности оштетил главна цевка на колекторски систем за фекалии и отпадна вода, при што веќе 10 дена се излеваат фекалии во Струшко Поле.

Градежната и комуналната инспекција во Општина Струга не работаат ажурно за да спречат вакви катастрофи пред да се случат и сега е загрозен и главниот цевковод на водоводната инфраструктура, од каде цела Струга и околните села се снабдуваат со вода.

За да е целата ситуација уште повеќе апсурдна, директорот на ЈП “Колекторски систем” – Владимир Алексијоски изјави дека му дале рок од една недела на сопственикот на чие место се извршуваат нелегалните градежни активности да го санира проблемот или во спротивно ЈП “Колекторски систем” ќе ја превземе акцијата и сите трошоци ќе бидат префактурирани на сопственикот.

Тука мора да прашаме, кој проценил дека сопственикот е во можност и техничка спремност и оперативност да ја изврши оваа задача?

Каде е градежната инспекција да ги спречи овие активности?
Она што го нуди ЛО Левица Струга како решение на овие проблеми и спречување на идни е да се означат шахтите за забрана за градежни активности од неовластени лица и претпријатија, ревидирање на сите приклучоци кон колекторскиот систем, ревидирање на состојбата на цевководот и зголемување на капацитетот на пречистителните станици, кои и онака работаат со минимален капацитет и вклучување на останатите села кои се под Општина Струга кон колекторскиот систем.

Тука мора да се нагласи дека пречистителната станица во Враништа скори и да не работи а брои над 40 вработени во истата подружница. Селото Велешта ги исфрла фекалиите под мостот во село Ложани, пумпите кои требаше да бидат поставени пред 5 години ги нема а околните села како Враништа и Ложани се без колекторски систем.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – СТРУГА

27.05.2022г.

Најнови објави