Злоупотреба на функција на ЈКП Водовод и канализација

Јанески

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Советниците на Левица од Прилеп поднесоа Пријава до Државна комисија за спречување на корупцијата по предмет “Злоупотреба на функцијата односно службената положба” по допрен глас, против претходниот директор Емил Јанески затоа што, според нашите сознанија, на ден 06.08.2021 година донел одлука за избор на кандидати за административни службеници по објавен оглас бр.419/2021 год. надвор од законските овластувања, во време кога биле распишани или се одржувале избори.

За целата постапка на вработување партиски кадри, со цел неосновано прибирање гласови каде воедно е нарушен и изборниот процес, поседуваме докази дека е водена незаконски, посебно на денот и часот за одржување на третата фаза на селекција и тоа проверка на веродостојност на докази во 10:00 часот и интервју со кандидатите во 13:00 часот на 06.08.2021 год.

Правен дел:
Собранието на Р. Македонија донесе Решение за распишување на избори за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје на 06.08.2021 година каде што согласно одредбите од Изборниот законик , во член 8-а е предвидено дека „од денот на донесување на одлуката за распишување на избори до денот на завршување НЕ МОЖЕ да се започне постапка за вработување на нови лица или престанок на работен однос во државни и јавни институции.“

Вработувањето е по барање на Директорот Јанески, а е потпишано од тогашниот градоначалник Илија Јованоски.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ПРИЛЕП

26.05.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ