Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Фудбалското игралиште во Пинтија потопено во фекалии

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, после силното невреме кое го зафати Скопје, каде падна голем потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски” во населба Пинтија, најави дека ќе биде извршена детална проверка на сите градби кои се направени во минатото, и ќе се бара одговорност.

    Да му помогнеме на градоначалникот да ги види и другите недостатоци во општината.

    Ова е фудбалско игралиште на ул. Борис Трајковски, од спротивната страна на оградата од фабриката. Игралиштето е старо повеќе од 30 години и во минатото не се поплавувало, се додека не била извршена реконструкција на улицата ,,Борис Трајковски”. Жителите тврдат дека тука имало канал-цевка, каде водата од игралиштето течела под улицата и одела во дворот на Охис.

    Целата атмосферска вода од горните улици, почнувајќи од манастирот „Св Еремија“ па се до булеварот избива тука и се меша со фекалната канализација, и не случајно баш тука бил поставен тој одводен канал.

    При реконструкција на улицата каналот е затрупан. За тоа зборуваат мештаните кои се очевидци на настанот и кои посочиле на изведувачот дека овој канал е многу битен за овој дел од населбата, и дека не треба да се затвори.

    Несоодветната реконструкција доведе до ваков епилогот, при секој поголем дожд фудбалскиот терен станува ватерполо терен полн со фекалии.

    Одговорност мора да има. Јавно бараме градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да иницира постапка против поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, во чие време се реконструираше улицата.

    Видео репортажа од фактичката состојба после силното невреме тука на овој линк.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КИСЕЛА ВОДА
    31 мај, 2022

    Најнови објави