Советниците на Левица ширум Македонија поднесоа иницијативи за бесплатни градинки

Иницијатива-Inicijativa

Години наназад Македонија се соочува со економска криза, која се продлабочи со избивањето на здравствената и енергетската криза, а оваа година доживува ескалација и тоа најмногу поради лошото менаџирање на овие кризи од страна на Владата на СДСМ и ДУИ.

Најпогодени од кризата се сиромашните семејства и домаќинства кои што како резултат на девалвацијата на денарот, можат се поретко да ја наполнат семејната кошница.

Со цел да им се олесни и да им се помогне на граѓаните, советниците на Левица ширум државата, секаде каде што Левица има свои советници, до Советите на општините поднесоа Иницијативи за бесплатни градинки, односно ослободување на родителите на децата во градинките од партиципација.

Република Македонија е уставно декларирана како социјална држава и како таква една од обврските на државата е да се грижи за добробитот и благосостојбата на граѓаните, особено за најмалите.

Партиципацијата на родителите во градинките, може многу лесно да се замени со дотации од Владата и општините, како и со кратење на неразумните трошоци и затоа апелираме до сите останати партии во општините да ја подржат оваа иницијатива.

Левица и понаму ќе биде совест на граѓаните во Советите и ќе работи исклучиво за нивниот интерес.

Levitsa DHish Levica Dzhish

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
31 мај, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ