Власта опструира намалување на времетраењето на договорите на определено време

Левица Џиш _ Levica Dzhish

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска расправаше по измените на Законот за работни односи, поднесени од пратениците од Левица, со кои се предвидува намалување на максималната горна граница за склучување на договори за вработување на определено работно време од 5 години на 6 месеци.

Пратениците од власта најавија дека нема да го поддржат предлогот на Левица, под изговор дека се работи на нов Закон за работни односи.

Ова е дрска манипулација и изживување со работниците во услови на растечка економска криза, со оглед на фактот дека претходната министерка Шахпаска најавуваше вакво решение уште октомври минатата година!

За нужноста од итно усвојување на предложените измени, говори и поддршката од Сојузот на синдикати, кои јавно побараа сите пратеници да го поддржат предлогот на Левица. Токму ваквите договори на определено време, за време на кризата, беа најмногу користени за губење на работните места, без утврдување реални причини за отказ, поради што работникот е принуден постојано да стравува за својата егзистенција.

Единствени кои реагираа дека се загрозени од овој закон се субјектите кои се богатат врз неплатениот труд на работниците, како Стопанската Комора и Организацијата на работодавачи.

СДСМ и ДУИ, како класични слуги на олигархијата, дрско манипулираат со егзистенцијата на работниците, ставајќи се целосно во заштита на оние кои се богатат од неплатениот труд!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

31.МАЈ.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ