Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Левица спречи окупација на игралиштето на ООУ ,,Киро Глигоров”

По бурните реакции и алармирањето на родителите, чии деца учат во основното училиште ,,Киро Глигоров”, советничката група на Левица во Општина Центар застана во заштита на училишниот имот.

По протестот организиран од родителите на учениците, каде присуствуваа советникот Владимир Огненовски заедно со членови на Левица – ЛО Центар, дадоа поддршка и ги ислушаа нивните маки и аргументи; советниците на Левица веднаш се заангажираа за иницирање ревизија на договорот за закуп и формирање на надзорна комисија која ќе ги надгледува и следи издавањата на училишните простории на сите општински училишта, будно следејки ја работата на управните и надзорните одбори на училиштата кои ги гласаат ваквите зделки.

Според Правилникот за формирање ваква комисија, има право да членува само еден советник од советот на Општина Центар. Предлогот на Левица за член во оваа комисија беше единствен, иако мандатната комисија побара секоја советничка група да понуди свој кандидат, останатите советнички групи не покажаа никаква заинтересираност.

Советникот на Левица Игор Димевски беше изгласан со 13 гласа ЗА. Советниците на ДПМНЕ и независните ,,Шанса за Центар” воопшто не гласаа по ваквиот предлог со цел комисијата воопшто да не се формира.

Сепак, целта е постигната, игралиштето и дворното место на училиштето ,,Киро Глигоров” остануваат место за безгрижниот детски џагор, а Левица продолжува да стои рамо до рамо со граѓаните.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЦЕНТАР
01. јуни 2022г.

Најнови објави