Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Советниците на Левица поднесоа иницијатива за пренесување на моштите на Кочо Рацин

    Коста Солев Рацин како еден од најистакнатите интелектуалци коишто Македонија воопшто ги дала, претставува гордост за Велес и велешани.

    Спомен костурницата како вечно почивалиште на Кочо Рацин сметаме дека не соодвестува со големото значење кое Рацин го има за велешани.

    Како што и во една прилика неговиот брат Александар има изјавено дека би било многу подобро доколку Кочо имал свој гроб за да може да му се запали свеќа токму на неговото вечно почивалиште.

    Водејќи се од намерата да оваа генерација му ја оддаде почитта која Коста Солев Рацин несомнено ја заслужува, денес советниците од Левица до Претседателот на Совет на Општина Велес, поднесоа иницијатива за пренесување на моштите на Константин Солев Рацин, од сегашното почивалиште Спомен Костурница во непосредна близина на Гимназијата Кочо Рацин во Велес.

    Сметаме дека великанот на македонската поезија на овој начин соодветно и достојно ќе добие простор во срцето на градот, кој ќе може секојдневно да биде посетен како од страна на велешани така и од љубителите на поезијата од целиот свет.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ВЕЛЕС

    01.06.2022г.

     

    Најнови објави