Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Левица предлага закон за уставни судии за прв пат во уставно-судската историја овие 3 децении

Левица предлага закон за уставни судии, распуштање на сегашните судии. јавни услови за назначување и јавни интервјуа.

(Прес-конференција на претседателот на Левица, проф. Д-р Димитар Апасиев)

Оваа пресконференција ја свикавме по повод еден историски настан во уставно-судската историја на Македонија, бидејќи прв пат на пленарна седница во нашата три децениска независност се предлага предлог-Закон за уставни судии од страна на пратениците на Левица – сметаме дека треба да ја надминеме онаа флоскула дека Уставниот суд се саморегулира, тоа не е така затоа што членот 113 од Уставот предвидува Деловникот да се носи само за постапката и начинот на работа на Судот но не и за уставните судии.

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
2 јуни, 2022

Најнови објави