Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Одбиена Одлуката од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – Поинаку за враќање на земјоделците

По барање на пазарџиите до Општина Битола и до претседателката на Совет Габриела Илиевска за измена на одлуката и пролонгирање до месец ноември поради неисполнување на условите од страна на ЈП Пазари, беше одбиено.

Советничката група на Левица, по барање на земјоделците покрај макотрпните напори за нивно останување до месец ноември позади новиот пазар на паркингот, предложи дополнителна точка на дневен ред за нивно останување до дадениот рок.

Оваа точка беше одбиена од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ и Поинаку!

Да не се занемари фактот, производителите, битолчаните на земјоделски производи се избркани од пазарот, додека струмичките комбиња се уште ги продаваат своите производи на паркингот. Одлуката која претходно беше изгласана имаше важност за сите подеднакво.

Од ЈП Пазари, тврдат дека не се надлежни во врска со струмичките земјоделци, а општината го занемарува овај проблем.

Единствено оваа одлука е во штета на битолските земјоделци кои насилно се избркани, иако уредно си плаќаа кирија.

Ова општинска коалиција е штетна по граѓаните на Битола!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Битола

02 јуни, 2022

Најнови објави