(Видео) Владата без да ја праша Oпштина Гевгелија, а по желба на моќниците, реши да им ги скрати давачки на моќниците кон општината при правење ветерници

sashe_janchev

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Досега надоместокот кој што требаше да и се плати на Oпштина Гевгелија за градење ветерници беше во висина од 6 000 000 денари. Сега Министерството за транспорт и врски донесе нов Правилник со кој таа давачка се намалува на 1 200 000 денари и тоа стигна на дневен ред на Советот на Општина Гевгелија. Проблемите за ова во основа се три.

Прв проблем е што Општина Гевгелија воопшто не е консултирана за ова, а согласно Законот за локалната самоуправа власта е должна благовремено да ја консултира Општината кога се одлучува за работи кои се однесуваат на неа. Согласно истот закон власта е обврзана да соработува со општините кога се во прашање изворите на финансирање на надлежностите на општините. Наместо ова, власта си соработува со милионери и моќници кои планираат да градат ветерници и по нивна желба го намалува надоместокот кој тие треба да и го платат и со тоа и го крати изворот на финансирање на Општината.

Друг проблем е што надоместокот кој се плаќа веќе е мал и еднократен. Моќниците за тој мал и еднократен надоместок добиваат право многукратно, речиси бесконечно, да профитираат, трајно да ја пореметат животната средина, и да ги уништат локалните патишта при транспортот на ветерниците.

Трет проблем е што ова е целосно спротивно на новите европски тенденции кои имаат за цел создавање енергетски самоодржливи општини. Целта на тоа е да се намалат давачките за општините и општините да се ослободат од приватните трговци и производители на енергија. Наместо тоа кај нас се стимулираат приватни моќници со дополнително намалување на нивните давачките кон општините.

Поради ова советникот од Левица, Сашко Јанчев, побара точката да се симне од дневен ред и до Министерството за Транспорт и Врски да се испрати иницијатива за да се изнајде ново решение во кое ќе се земат предвид и интересите на општината. По барањето точката беше симната од дневен ред.

Во прилог говорот на советникот од Левица.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Гевгелија

01 јуни, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ