Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Левица во подготовката на Европскиот форум ги нагласи нападите врз самоопределувањето на македонската нација и антифашистичката историја

Денеска беше одржан состанокот за подготовка на Европскиот форум на левичарски, зелени и прогресивни сили кој ќе се одржи во Атина од 21-ви до 23-ти октомври 2022 година. На состанокот присуствуваше портпаролот на Левица Амар Мециновиќ кој потенцираше дека Левица како партија со лева ориентација, потеклото и е во здружувањето на повеќе левичарски движења со анти-милитаристичка агенда:

Левица ја цени соработката помеѓу сроднитете движења, особено кога државата се соочува со ветото на Република Бугарија за пристап на Република Македонија кон Европската Унија и нашето општество оправдано се сомнева во европската перспектива. Иако во последните две децении јавното мнение е позитивно за интеграцијата на Република Македонија во ЕУ, тоа сега се намалува поради растечкото чувство на политичка деградација и изолација демонстрирана од европските партнери.

Сега, периодот на социјална тензија поради растечките цени на добрата и про-капиталистичка социјалдемократска Влада која ја зголеми социјалната раслоеност, укажуваат на неопходност од промена која единствено е можна преку парламентарни избори кои со сигурност и овозможуваат двоцифрен број на пратеници од Левица и нова ера во социјалните и државнички политики кои ги води Републиката.

Социјалдемократите нѐ зачленија во НАТО, покрај неуспешен референдум за промена на уставното име и членување во НАТО со излезност од 36%, за сега повторно државните елементи на само-определување да ни се под напад. Од EPP (европската парламентарна асоцијација на која членува ДПМНЕ) рекоа дека Македонија треба да се помири со своето минато, иако меѓународниот статус на Македонија се решава како победник во Втората светска војна, на анти-фашистички постулати.

Ние сме против културната доминација, и би претставувала голема победа против ретроградните сили да имаме Европски форум кој би артикулирал левичарска солидарност, која е предадена на борба за класно свесни политики, насочена против десничарски движења и го дели нашето видување против политиките на НАТО алијансата.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

04 јуни, 2022

Најнови објави