Старата јаловишна депонија во Пробиштип – историско загадување и рак рана на градот

ПРОБИШТИП

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Јаловишната депонија, која датира од самиот почеток на експлоатацијата на рудникот, се уште е актуелна тема за пробиштипјани и претставува горчлив проблем со сериозни последици по локалното население.

Хидројаловиштето содржи тешки метали (олово, кадмиум, цинк, жива, железо, бакар, арсен, ураниум) кои претставуваат опасност за сите медиуми на животната средина, а содржи и хемикалии како (бакар сулфат, натриум цијанид, калиум амил-ксантат, калциум оксид, калциум карбонат и Д-250) кои се употребувале во процесот на влажната хемиска обработка на рудата.

Студиите покажаа дека во земјоделското земјиште во атарот на селата Стрмош, Неокази, Петришино и Бучиште, има зголемен процент на олово, цинк, бакар, кадмиум и манган. Најтешко е кога подолго време не врне, па ветерот ја носи отровната прашина директно во домовите на пробиштипјани.

Неодама, имаше и серија на нови еколошки катастрофи, како истекувањето на јаловина од каналите за транспорт кои се под надлежност на рудникот и кој моментално е во сопственост на бугарска компанија „Булмак”.

Иако овој проблем е ставен во предизборната програмата на секоја локална власт и секогаш високо котира на листата како приоритети за кои ќе се бара решение, после децении водење на општината од страна на СДСМ и ДПМНЕ и не превземање на речиси ништо, очигледно е дека овој проблем се користи само за предизборни политички поени и власт, за подоцна вешто да се избегнува.

Левица ЛО Пробиштип бара итен ангажман од локалната власт и градоначалникот во правец на решавање на овој сериозен и повеќедецениски проблем!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – Пробиштип

03 јуни, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ