Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Советот изгласа покачување на цените речиси на сите услуги кои ги дава ЈКП „Комуналец“

На 14-тата Седница на Советот на Општина Свети Николе беше изгласано покачување на цените речиси на сите услуги кои ги ги дава ЈКП Комуналец. дел од услугите беа покачени речиси за 100%!

Како причина за покачување на цените на услугите беа наведени зголемените цени на енергенсите и покачувањето на минималната плата.

Во дискусијата од страна на Советникот од Левица беа истакнати повеќе аргументи кои се спротивставуваат на покачувањето на услугите:

– Минималната плата иако е покачена за неколку проценти, услугите кои не вклучуваат механизација се покачени и до 100%;
– Одлуката за покачување на цените е во спротивност со програмските заложби на Општината изгласани за 2022 година;
– Со покачувањето на цените за правни лица дополнително се отежнува отварањето и развојот на малите бизниси во Општината;

– Од оваа година Светиниколчани плаќаат дупло повисок данок на имот и не е потребна зголемување на уште една давачка кон Општината односно Претпријатијата.

На Седницата од наша страна беше посочено дека претходно е донесен ценовник за поставување на обновливи извори на енергија по багателни цени, кои пред се ќе бидат користени од страна на моќници и олигарси кои најчесто не се од Свети Николе, а на оваа Седница се донесува ценовник кој ги зголемува цените за Светиниколчани.


Од наша страна беше предложено да бидат зголемени давачките за поставување на обновливи извори на енергија на територијата на Општината Свети Николе, а вишокот приход од ова зголемување да биде пренаменет за дефицитот во работата на претпријатието, со цел да нема зголемување на цената на овие услуги што претставува дополнителен товар за граѓаните.

Единствено Советникот од Левица гласаше ПРОТИВ зголемувањето на цените на услугите кои ги издава ЈКП „Комуналец“!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Свети Николе

09 јуни, 2022

Најнови објави