Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Усвоена иницијативата на Левица Карпош за бесплатни градинки

    Предлог Иницијативата на Левица Карпош за бесплатни градинки на десетата седница на Советот на Општина Карпош беше изгласана и поддржана со 21 глас ЗА, 1 ВОЗДРЖАН И 1 ПРОТИВ.

    На седницата беше донесен заклучок за усвојување на иницијативата со што Советот на Општина Карпош ги задолжува стручните служби во Општината да ги испитаат сите правни можности како основа за носење на одлука со која престојот и исхраната во градинките „ Орце Николов’’, „Мајски Цвет‘‘, „ Распеана Младост‘‘ и „ Пролет‘‘ ќе бидат бесплатни.

    Ова е само почеток на патот кој треба да се изоди за да се постигне и целосна реализација на оваа иницијатива.

    Левица Карпош и понатаму ќе работи за интересите на жителите на Општина Карпош во насока на преземање на активности и иницијативи кои ќе придонесуваат за намалување на економските разлики.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – КАРПОШ
    10.ЈУНИ.2022

    Најнови објави