Поднeсени четири Иницијативи до Совет на Општина Богданци од страна на Левица – Богданци

inicijativi bogdanci

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Советникот Тодоров, од редовите на Левица Богданци, поднесе четири иницијативи кои бараме да бидат ставени на дневниот ред на XVI-тата седница на Советот на Општина Богданци , најкасно до крајот на овој месец.

Сите четири иницијативи прикажани , претставуваат актуелни проблеми во општина Богданци, за кои треба да се изнајде решение во најкус можен рок.

Иницијативата за бесплатен престој и исхрана во градинките во општината би помогнала на ранливите и семејствата со ниски примања во време на економска криза.

Иницијативата за формирање на Одделение за Итна Медицинска Помош во Богданци би го решила проблемот кој е присутен со години наназад. Услугата е бавна, животите се во прашање, ако здравството според устав и закон , треба секој граѓанин да го има достапно, тогаш оваа иницијатива треба да ја прифати Министерството за здравство.

Иницијатива за изготвување на Програма за управување на Езерото Паљурци. Со ова се предвидува негово полнење, одржување, изградба на локални водоводи за испорака на технолошка вода како и развивање на туристичка понуда за истото. Моментално езерото Паљурци се наоѓа во лоша состојба и буквално нѐ моли да му помогнеме.

Иницијатива за обезбедување на простории и кофинансирање од општината за матичен лекар во населените места Стојаково, Ѓавато и Селемлија. Недостатокот од матичен лекар исто така е голем проблем за населението, коешто секојдневно треба да патува или за Богданци или Гевгелија за било какви потреби од матичен лекар.

Левица Богданци ги поднесе овие иницијативи сѐ со цел да даде предлози за решавање на долгогодишните проблеми на граѓаните во општината, а не да напушта седници.

Секогаш тука за народот.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Богданци

10 јуни, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ