Левица против; СДСМ и ДПМНЕ гласаа дискотеките во градскиот парк да продолжат да работат без лиценци

Левица Џиш _ Levica Dzhish

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На 12-та седница на Советот на Град Скопје, на дневен ред беше и точката за продолжување со работа на летните дискотеки во Градскиот парк.

Со години претходните градски власти на СДСМ ветуваа дека секое лето им е последно за работа, пред локациите да се пренаменат со почетокот на изградбата на Луна паркот. Сега, новите власти на ДПМНЕ на седницата ја известија јавноста дека ќе постапат исто.

Со аргументацијата дека ќе го збогатат културно-забавниот програм за младите во Скопје, СДСМ и ДПМНЕ едногласно решија да ги збогатат газдите на дискотеките со истите локации за уште една сезона.

Контроверзното работење на овие дискотеки ќе продолжи, иако за истите никогаш не е распишан јавен оглас, што е спротивно на Законот за јавни набавки. Договорите се продолжуваат постојано само со анекс-договор, што е надвор од законската регулатива.

Со години дискотеките работат без лиценца од Министерството за економија, затоа што не постои договор за закуп на деловен простор, а до пред некоја година јавното претпријатие Паркови и зеленило наплаќало надоместок, без притоа да склучи договор со фирмите.

Бидејќи се работи за имот кој е во сопственост на државата, ваквото нерегулирано работење предизвикува и директни штети врз буџетот.

Звучната загаденост (бучавата) која ја создаваат овие дискотеки е вон сите мерила и регулации во модерните држави, и по воздушна линија доцна ноќе тие вознемируваат одредени населби.

Дополнително, во Градскиот Парк ниту еден ноќен клуб не може да работи легално бидејќи не ги исполнува законските прописи, односно не е на оддалеченост од 300 метри по воздушна линија од детски игралчишта, градинка, училиште, станбена зграда или хотел, како што е во овој случај.

За време на пандемијата со коронавирусот, видовме дека моделот за урбанизам и социјализација кој го градат овие две партии е нечовечки и отуѓувачки. Време е на младите, како и на сите граѓани, да им изградиме нови можности, нови јавни простори и културно-забавна програма која нема да биде во локалите на корупцијата на СДСМ, ДУИ и ДПМНЕ.

Ваквото продолжување со работа на дискотеките, надвор од законската регулатива, покажува дека трите партии повторно се ставија во заштита на неколку крупни ѕверки.

На седницата, членовите од Советот на Левица гласаа ПРОТИВ предложеното продолжување на работа на овие ноќни клубови.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

13 јуни, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ