Советникот од Левица со иницијатива огласите за вработување да се објавуваат на општинските канали на Општина Гевгелија

gevgelija гевгелија

281599450 389168086573828 2476456861638340574 nСоветникот од редовите на Левица – Гевгелија, Сашко Јанчев, денес поднесе иницијатива за ставање точка на дневен ред со која се предвидува огласите за вработување во општинската администрација и во јавните служби основани од Општината да се објавуваат и на веб и ФБ страната на Општина Гевгелија.

Дополнително во иницијативата се предвидува и секоја намера за склучување на договор за дело да се објавува на веб и ФБ страната на Општина Гевгелија.

Целта на оваа иницијатива е да се намали можноста за клиентелизам, конкретно за партиски вработувања, кои се рак рана на македонското општество и на Македонија во целост.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ГЕВГЕЛИЈА

13.06.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ