Фотоволтаични системи на јавните објекти во Кисела Вода

lo kisela voda

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Поради ценовниот шок со кој се принудени да преживуваат граѓаните, Левица поднесе иницијатива за поставување на фотоволтаични системи на сите јавни објекти во сопственост на општина Кисела Вода.

Со поставување на овие системи, значително би заштедиле голема сума на финансиски средства кои би се пренамениле во други проекти значајни за жителите на Кисела вода.

Поради лошата финансиска состојба во која се наоѓаат општините со зголемените сметки за струја, потребно е рационално и економично работење со парите на граѓаните.

Избраните власти не можат како изговор за своето неработење да се повикуваат на општинскиот долг – туку истите се должни да изнајдат решенија, за што се платени од самите граѓани.

Апелираме градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да не ја одбие и оваа иницијатива на Левица, како што беше случајот со иницијативата за бесплатни градинки. Додека неговиот колега од Кавадарци најави од септември бесплатни градинки, благодарение на Левица, градоначалникот Ѓорѓиевски не дозволи ниту да се стави точката на дневен ред, под изговор дека службите треба да се произнесат.

Наместо Советот да изгласа насока за работа на службите, очигледно градоначалникот опструира решенија, од кои жителите на Кисела Вода би имале корист.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Кисела Вода

13 јуни, 2022

fotovoltaici kisela voda

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ