Костадин Костадинов продолжува со нерационално трошење пари – 800.000 денари за посредување за обезбедување угостителски услуги

Леввица Струмица_Levica Strumica

Во време кога се поголемиот дел од жителите се соочуваат со социо-економска криза предизвикана и од нелогичните и крајно штетните мерки на Владата, градоначалникот Костадинов продолжува со нерационалното трошење.

Тој на 5 април годинава потпишал договор за јавна набавка со Друштвото за туризам и угостителство Атлантис ДООЕЛ за „Посредување за обезбедување на угостителски услуги (ресторантски и кетеринг) и хотелско сместување на гости за потребите на општина Струмица“. Овој договор ќе ги чини Струмичани 13.008 евра односно 800.000 денари.

Овој договор е само еден во низата кој го потпиша Костадинов изминатиот период. Претходно, за огласување во печатени медиуми потпиша два договори во вкупна вредност од 400.000 денари. За мобилни услуги со А1 Македонија потпиша договор во висина од 3.500.000 денари, а исто така за износ од 38.000 денари набави и ловечка пушка.

Levitsa Strumitsa Levica Strumica

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО СТРУМИЦА
14 јуни, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ