Средба на Советниците од Левица Аеродром со жителите на Долно Лисиче

ЛО-АЕРОДРОМ

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

По неколку неделна пауза средбите со аеродромци и советниците на Левица продолжија, овој пат во наслебата Долно Лисиче.

Во пријатна и срдечна атмосфера членовите на советот на Општина Аеродром од Левица остварија средба со жителите на Долно Лисиче на која ги слушнаа проблемите и идеите за поубава општина.

Впечатокот дека се чувствуваат како да не се дел од најпросперитетната општина, беа јасно видливи и на терен. И покрај минималното внимание и вложување во инфрастукрата, долно-лисичани се крајно незадоволни од сообраќајните решенија и сигнализација, од хигиената и од недостатокот на доволен притисок на вода во летниот период.

Овие и многу други прашања и идеи ќе бидат ГЛАСНО поставени на утрешната седница на советот.

Ние за разлика од другите партии кои само ги посетуваат пред избори и во изборна кампања, сметаме дека местото на советниците е меѓу народот. Ние остануваме блиску до него и ги пренесуваме неговите барања, мислења и идеи.

Следната недела повторно имаме средба и планот е од Железничка до Долно Лисиче да не остане ниту едно место непосетено.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Аеродром

13 јуни, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ