Уредување на Виничка Река остана само ветување од градоначалникот Петков

ло виница

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Уредување на речното корито на Виничка река беше еден од приоритетните проекти, кој ги најавуваше сегашниот градоначалник Миле Петков од ДПМНЕ, пред да се смести во градоначалничката фотелја.

Виничани не само што не добија уредување на речното корито и ново место за рекреација, виничани добија целосно запустување и уништување на речното корито, како и делот наменет за пешаци кој не може да се користи од пораснатите растенија високи и до еден метар.

Властите во Виница се покажаа на дело дека не се способни да менаџираат со градот, сведоци сме на запустени улици раскопани и со дупки, необележани пешачки премини, запустени пешачки патеки, запустени речни корита, депонија која постојано гори.

Левица ги повикува надлежните да излезат на терен да направат увид на урбанистичката состојба на градот и соодветно да делуваат.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Виница

15 јуни, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ