Не помогнаа молбите на Градоначалникот Колев – се сруши Работнички Универзитет, одговорност мора да има

левица велес

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Почитувани сограѓани, ден по одржувањето на 16-тата седница, на која што градоначалникот Колев ја искажа својата загриженост за состојбата со ископот до Работнички Универзитет и не превзема никакви дополнителни мерки за заштита освен загриженост, истиот се сруши.

Среќа е што навремено испаднала вработената во канцелариите во Работнички Универзитет, па освен голема материјална штета, нема повредени!

Во изминатите неколку седници на советот на Општина Велес, коалицијата ДПМНЕ-ДУИ легализираше неколку спорни објекти, меѓу кои објект во непосредна близина на Рени бунарите, што се наоѓаат до брегот на реката Вардар во месноста Шорка и објект во рамнина, место кое е заштитено поради свлечиштето!

После вчерашниот немил настан колку граѓаните треба да веруваат во „СТРУЧНИТЕ“ лица вработени во Општина Велес што издаваат одобрение за рушење и градба!?

Опседнатоста на ДПМНЕ со продажба на градежно земјиште, легализации на дивоградби на забранети подрачја доведува до опасност по граѓаните!

Како советничка група бараме да се утврди кој е одговорен и соодветно да се санкционира!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Велес

18 јуни, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ