Очаен обид на СДСМ да им се додвори на земјоделците од гевгелискиот регион

gevgelija гевгелија

Вчера во Гевгелија советникот во МЗШВ Трајан Димковски заедно со пратениците од СДСМ Марија Костадинова и Панчо Минов ги бранеа своите неуспешни земјоделски политики пред земјоделците од Гевгелија, исплашени од нискиот рејтинг што го има СДСМ во овој регион, а и во цела држава.

Тие кажаа дека со ребалансот на буџетот ќе обезбедат најмногу парични средства за земјоделците и навремени исплати на субвенции.

Прво, Трајан Димковски да им објасни на земјоделците за кого и за што е предвидено енормното зголемување на паричните средства во ставката “стоки и услуги”, “договорни услуги”, “набавка на мебел и инвентар” и фамозните милиони за невладини организации во ребалансот на буџетот?!

Трајан Димковски, Марија Костадинова и Панчо Минов да одговорат пред гевгелиските земјоделци зошто гласаа ПРОТИВ предлот Законот за земјоделство и рурален развој поднесен од Левица со кој закон се гарантираше исплата на откупениот производ на земјоделците и тоа со максимум 30 дена од предадените производи кај преработувачите и трговците?!

Земјоделците од Гевгелија знаат дека оваа власт на СДСМ и министерот за земјоделие Љупчо Николовски за овие 5 години власт го доуништија македонското земјоделие, нивите останаа празни, младите од Гевгелија заминаа на работа во странство, а храната ни доаѓа од увоз.

Левица како партија на работниот народ и земјоделците кои живеат од сопствениот труд, а во интерес на земјоделието и земјоделците во државата, му порачува на Трајан Димковски и Љупчо Николовски веднаш да си поднесат оставки, а Марија Костадинова и Панчо Минов да гласаат за распуштање на Собранието.287300504 404805021676801 1298003460478106271 n

 

 

 

 

 

 

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ГЕВГЕЛИЈА

19.06.2022г.

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ