Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Општина Илинден предводена од ВМРО ДПМНЕ потрошила 4.1 милиони денари за консултантски услуги

    Општина Илинден во периодот од 2019 година до мај 2022 година потрошила неверојатни 4.1 милиони денари за консултантски услуги кон Адвокатското друштво Китановски.

    Од овие 4.1 милиони денари, Општина Илинден префрлила половина милион денари на адвокатското друштво само пред 2 недели.

    Бидејќи Општината наводно беше пред банкрот поради расипничкото работење на претходниот градоначалник, Левица Илинден прашува зошто таквото исто работење продолжува?

    Општина Илинден има потрошено повеќе парични средства за вакви услуги дури и споредено со далеку поголеми општини од неа, како што се Општина Велес и Општина Аеродром.

    Укажуваме дека ваквото трошење на буџетски средства е крајно несериозно, особено имајќи предвид дека Општината има правници што истата работа ја вршат како и самото Адвокатско друштво.

    Апелираме ваквото расфрлање со народните пари веднаш да престане и ВМРО ДПМНЕ веднаш да се фокусира на исполнување на предизборните ветувања.

    Да потсетиме, 21 век сме, а патната инфраструктура е во катастрофална состојба, на многу главни улици сосема е исчезнат асфалтот и на негово место се поставува песок, 90% од општината нема канализација, а таму каде што има одводните канали се користат за таа намена што истовремено претставува закана по здравјето на самите граѓани.

    Поради сево ова укажуваме дека општината треба веднаш да престане со непродуктивните трошоци, а тоа во интерес на нашите граѓани.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ИЛИНДЕН

    18.06.2022г.

    Најнови објави