Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    ДПМНЕ и Поинаку доделија 3.800.000 денари на ПСК Пелистер, не на Копанки!

    На вчерашната седница на Советот, во последен момент се дополни точка на дневен ред за која требаше да се спроведе анкета или референдум. Со оваа контроверзна точка, од предвидените 4 000 000 денари од Програмата за активностите во областа на спортот и младите, 3 800 000 денари се доделуваат само на едно здружение.

    Со ваквата одлука, која коалицијата ДПМНЕ и Поинаку ја изгласаа, се става во привилегирана положба само едно здружение, со тоа што скоро целиот износ од програмата за планинарски здруженија отиде во рацете на ПСК Пелистер Недозволиво е општината да троши пари од граѓаните за објект кој оди во рацете на здружение и кое здружение ќе остварува профит од работата со Копанки.

    Позицијата на Левица е дека ова е постепено приватизирање на Копанки со народни пари, која мора да е достапна за сите жители на Битола, а не цените да бидат диктирани од интересите за профит на поединци.

    Дополнително, со изгласаната одлука беше дадено овластување на Градоначалникот на Општина Битола да го потпише налогот за исплата на финансиските средства. Задната намера на овој член од одлуката е тоа што со овој член во иднина Градоначалникот Тони Коњановски ќе биде заштитен од кривичен прогон и целата одговорност ќе падне на Советот, кој по закон не може да одговара кривично за донесена одлука.

    Со ова се потврдува и она што го зборувавме, дека Претседателката на Советот Габриела Илиевска го штити Градоначалникот Коњановски и работи во негов интерес, со што нашиот предлог за бесплатни градинки одбиваше да го стави на дневен ред.

    Доделувањето општински средства од граѓаните за реконструкција на приватен имот, од кој поединци ќе остваруваат профит, е тежок преседан и расипничко работење со парите на граѓаните. Поради овие причини, советниците на Левица гласаа против трошењето народни пари за реконструкција на приватни имоти.

    Да за Копанки, не за реконструирање приватен имот со општински пари! Копанки за сите, не Копанки за некого!

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Битола

    22 јуни, 2022

    Најнови објави