Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Иницијатива на Левица – Гази Баба за решавање на проблемот со јавниот транспорт во Ќерамидница

    Недозволиво е во Град Скопје, населба која граничи со Аеродром, Центар и Автокоманда да нема автобуска линија. Покрај специфичната географска позиција на Ќерамидница, за жителите од таа населба такво е секојдневието.

    Досегашните власти имаат придонес за тоа жителите да мораат да пешачат по неколку километри во одреден правец за да дојдат до автобуска постојка. Пасивноста на општинските и градските власти ги остава луѓето на милост или немилост.

    Дополнително, киломентарските патеки по кои пешачат и децата на школска возраст се слабо осветлени, со несоодветна сигнализација на улицита и немаат оптимално услови за општа безбедност на пешаците кои се НЕБЕЗБЕДНИ!

    Од тие причини, потребно е да се воспостави автобуска линија која ќе минува низ ова населено место овозможувајќи им на граѓаните адекватен транспорт.

    Левица – Гази Баба поднесе предлог точка на дневниот ред на 13-тата седница на Советот на општина Гази Баба, бидејќи се грижи за сите жители во општината и настојува да ги реши вечните проблеми во општината.

    Членовите во Советот на Општина Гази Баба од Левица ќе се ангажираат до крајно решение на овој проблем на жителите на Ќерамидница.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ГАЗИ БАБА

    22.06.2022г.

    Најнови објави