Oпштина Аеродром потрошила 36.000 евра на приватни адвокати во три години

ЛО-АЕРОДРОМ

Советниците од Левица побараа од службите во Oпштина Аеродром увид со кои адвокатски друштва соработувала општината и колку пари се потрошиле за нивните услуги во последните четири години.

Добивме одговор дека општината има соработка со три адвокатски канцеларии. Симптоматично е дека има прогресивно растење на трошоците, како и потрошената сума за последните 17 месеци која изнесува 1 840 663 денари.

Во ангажираните адвокати фигурира и адвокатското друштво „Тошиќ и Јевтиќ”, кое очигледно е омилена опција на институциите под владение на СДСМ, затоа што истото има склучено договори и со претходниот градоначалник на Кисела вода, Филип Темелковски, Министерството за финансии, Агенцијата за млади и спорт и Фондот за ПИОМ. Поединечните исплати кон ова друштво од овие органи изнесуваат и над 100.000 денари.

Очигледно е дека преку цедење пари од граѓаните, властите ги полнат џебовите на своите послушници.

289647296 341650251458570 4947932349310130182 nЛевица прашува зошто секоја година драматично се зголемува износот на исплатените средства кон адвокатските компании?

Зошто за последните 17 месеци се потрошени 1 840 663 (околу 30 000 евра) денари, или во просек околу 1760 евра месечно што е драстично повеќе во однос на претходните две години?

И најважно, зошто органите на централната и локалната власт одбиваат да вработат адвокати, со што драматично би се намалиле трошоците за фамозните адвокатски трошоци.

Левица ќе иницира постапка за вработување лице во општина Аеродром, со цел рационално трошење на парите на граѓаните преку постојано ангажирање надворешни лица.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – АЕРОДРОМ

22.06.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ