Регионалниот пат Р1109 Богданци-Гевгелија се „реконструира“ само во предизборни кампањи

Левица Џиш _ Levica Dzhish

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Доволно слушавме лажни ветувања – повикуваме на протест!

Овој протест, пред сѐ, има цел да алармира до власта и пратениците од југоисточниот регион за катастрофалната состојба во која се наоѓа регионалниот пат Р 1109, делница Богданци-Гевгелија.

Овој патен правец кој народот од југот го нарекува и ,,Патот на Смртта“, претставува закана за безбедноста на жителите од овој регион, но и сите кои транзитираат на овој потег, со десетици сообраќајни несреќи изминативе години, за жал дел и со кобни последици.

Секојдневното транзитирање низ оваа патна делница предизвикува и големи оштетувања на патничките возила на граѓаните, кои претставуваат дополнителен финансиски товар врз нив.

Економскиот развој на југоистокот исто така зависи од реконструкцијата на Р 1109. Оваа патна делница поврзува три гранични премини, со што претставува важен економски фактор во овој регион. Пат кој ги поврзува општините Гевгелија, Богданци и Дојран и кој има директно влијание за преку 30.000 граѓани.

Со овој протест целиме кон тоа да ги разбудиме надлежните државни институции, поточно Агенцијата за државни патишта и Министерството за транспорт и врски, да ги реализираат предизборните ветувања од 2020 година на пратеничките од владејачкото мнозинство.

Левица – Богданци и Левица – Гевгелија повикуваат сите масовно да излеземе на протест, на 26.06.2022 (недела) во 18 часот, на раскрсница кај Стојаково-Богданци-Ѓавато (кај бензинска пумпа Шимов), за доброто на сите нас!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

23 јуни, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ