Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Левица – Велес: На местото на стариот театар може да никне нова „зграда“

    На последната 16-та седница на Советот на Општина Велес, коалицијата ДПМНЕ-ДУИ изгласа одлука за уривање на зградата во која порано функционираше поранешниот театар ЈХК Џинот.

    По оваа одлука градежното земјиште кое што е во сопственост на Република Македонија може да биде понудено на продажба со електронско јавно наддавање, на кое заинтересираните инвеститори ќе можат да изградат станбена зграда согласно Деталниот урбанистички план кој е во сила.

    Поради близина на реката Вардар земјиште се наоѓа во зона на подземни води, што значи дека секој посериозен градежен зафат може да биде фатален!

    Нашиот став е дека на оваа локација освен поставување на урбана опрема и нови зелени површини не смее да се изгради ништо дополнително!

    Во наредниот период ќе оствариме средби со жителите од овој дел на градот и потоа до советот на Општина Велес ќе предложиме измена на Деталниот урбанистички план, се со цел на овој простор да не се бетонизира!

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ВЕЛЕС
    22 јуни, 2022

    Најнови објави