Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Во центарот на Велес се наоѓа канализација која се излива на само неколку метри од домовите на нашите сограѓани

Видеото е целосно несоодветно за да ја долови вистинската слика на условите во кои што живеат овие граѓани тука.

Ужасната миризба која се шири посебно во летниот период, изворот на зараза кој овде се случува, не е слика на поубав и почист Велес.

На само неколку чекори од тука се наоѓа дворот на градинката, местото каде што престојуваат децата, иако Градоначалникот и ЈКП Дервен остануваат глуви на нашите укажувања и барања, ние нема да се откажеме од артикулирање и посочување на реалните проблеми со кои се соочуваат нашите граѓани и да бараме решавање на проблемите со цел подобар, поквалитетен и поздрав живот.

Време е да се слушне народот и да се започне со решавање на реалните проблеми.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Велес

24 јуни, 2022

Најнови објави