(Видео) Се шверцува закон со Европско знаме за 60 судии слуги на власта да продолжат да судат уште три години

димо апасиев

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

(*Излагање на пратеникот Димитар Апасиев во однос на измената на Законот за работни односи со европско знаменце)

„По кој знае кој пат се шверцува закон со европско знаме и ќе објаснам во кои делови.

Кога предлог-закон содржи одредби со кои се врши усогласување со право на Европска унија, во воведот се наведуваат податоци за изворниот акт на ЕУ со потполн назив, број и датум.

Во коресподентната табела која ни е пратена од Министерството за труд, во изјавата за усогласеност нè убедува нас пратениците, дека овој закон е усогласен со изворен акт на ЕУ, при што наведува одредби од акти на ООН и акти на Совет на Европа.

Тука нема цитирано ниту еден акт, затоа што таков акт не постои. Секоја земја од ЕУ различно уредува кога ќе одат судиите во пензија.

И во воведот на овој закон го нема суштествениот дел кој го бара Деловникот, a вие како претседател треба да воспоставите пракса, доколку нема цитирано изворен акт на Европската унија, да ги враќате овие закони со eвропско знаме.

Но, смислата на овој закон е во предниот период, односно дека нема кадри од Академија за судии, па ќе падне бројот на судии под потребниот, што е ноторна лага. Ние имаме превработеност на судии, имаме 500 судии, а според ЕУ треба да имаме 400 судии.

И основниот аргумент е дека 60 слуги на власта, кои се стари судии, треба да продолжат да судат уште 3 години, само за да го штитат криминалот на СДС.”

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
27.ЈУНИ.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ