Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Безмалку 10 месеци поминаа откако за 2 минути со 14 жртви изгоре тетовската модуларна болница

На 8 септември 2021 до темел изгоре тетовската модуларна болница. Во пожарот изгореа 12 хоспитализирани лица и двајца кои ги придружувале своите роднини во болницата.

До сега само продолжниот кабел е виновен!

По кои стандарди со продолжен електричен кабел се напојува медицинската опрема?

Врз основа на што и од кого е направен проектот за електричното напојување?

По кој основ оваа барака стана модуларна болница?

Се поништи и долго очекуваната седницата на Постојаната анкетна комисија за човекови права, на која на дневен ред беа информациите за несреќата со изгорената модуларна болница во Тетово и тоа од страна на Таљат Џафери.

Да функционираа институциите како што им доликува, немаше да бидеме сведоци на вакви трагедии, ниту ќе имаше истраги, ниту пак ќе имаше одговорност како што немаше за ништо до сега како и за Тетовската модуларна болница.

Ќе одговара воопшто некој за оваа трагедија, и зошто не?

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛОКАЛЕН ОГРАНОК ТЕТОВО
28 јуни, 2022

 

Најнови објави