(Видео) Џафери две години не дозволува расправа за бугарските национал-шовинистички претензии

Апасиев собрание

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

„На 21.10.2020 година, значи пред скоро две години, првиот акт кој го поднесовме со пратеникот Крмов и кој е ставен на дневен ред на 24-та пленарна седница е Декларацијата за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии.

Тоа значи дека за најгорливото прашање кое ја тишти македонската јавност имате материјал ставен на пленарна седница, поднесен пред скоро две години. Но, бидејќи не станува веројатно прашање за Косово или Албанија, вие не чувствувате потреба тоа да го ставите на дневен ред, иако тоа е прашање кое ја тангира македонската јавност.

Деловникот вели дека донесувањето декларации и резолуции оди во скратена постапка, со тоа што задолжителна е општа расправа.

Зошто претседателе две години системски одбивате ова Собрание да говори за тоа што најмногу ја тангира македонската јавност – а тоа е негирањето на нашиот идентитет и јазик од страна на соседна Бугарија? Видовте таму дека и по цена да падне Владата, Собранието го имаше последниот збор.

Зошто свесно го девалвирате ова Собрание и не дозволувате две години она што Деловникот го ставил како задолжително, а тоа е општата расправа по Декларацијата, да дојде воопшто за неа да се расправа?”

*Процедурално обраќање на пратеникот Димитар Апасиев до претседателот на Собранието, Талат Џафери.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

28.06.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ