Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Апасиев: Македонците денес плаќаат поголеми камати отколку под турско ропство

(“Пратенички прашања на пратеникот Димитар Апасиев до гувернерката на НБРМ и премиерот Ковачевски)

„Дури и Македонците кои живееле под турско, во Отоман империал банка во Солун, онаа банка којашто гемиџиите ја кренаа во возух, ако земеле кредит, земале со 6 до 8 посто камата, додека денешниот Македонец ако земе кредит, тогаш каматите се двоцифрени, односно, преминуваат над 10 и стигнуваат до 12 проценти. Тоа во римското право се нарекува nexum, односно должнички роб.

Банките, само лани, од дозволено пречекорување на трансакциска сметка спечалиле 200 милиони евра, а од минус на кредитна картичка 400 милиони евра. Тоа значи вкупно 600 милиони евра. Тоа е една третина од сите кредити издадени на физички лица.

Банкарите се оставени без никаков надзор. Само за една година, за една третина им е зголемен профитот. Стопанска банка има заработено 16 милиони евра само од провизии. Комерцијална банка над 16 милиони. Двете од тринаесет банки имаат 32 милиони евра само по основ на вакви ситни крадења.

Прашањето до гувернерката на НБРМ ми е: дали Народна банка планира да им забрани на банките да наплаќаат скриени трошоци?

Второто прашање до премиерот Ковачевски е: дали Владата планира да ја намали казнената камата?“

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

29 јуни, 2022

Најнови објави