Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Додека финансирате детски песнички за УЧК, старата велешка архитектура пропаѓа пред ваши очи

„Велес е познат по својата стара градежна архитектура. Вие сте професор по англиски, а со култура имате допир колку јас со нуклеарна физика, па не сте експерт на темата. Но, можете да консултирате експерти. На пример, дел од овие куќи се учат на универзитетот Сорбона.

Само вие смејте се, бидејќи додека имате пари да финансирате пеење детски песнички за УЧК, нашето културно наследство пропаѓа за нас. Има 15 куќи во Велес, четири куќи презема Oпштината, наместо вас, во добра состојба се само три, додека другите се паднати или пред паѓање.

Донесено е извршно решение со кое одредени објекти се ставени како културно наследство во опасност и две години не се постапува по тоа, а не да ми цитирате диспозитив од решение.

Јас ве прашувам: Што треба да направите ако итна мерка не ја преземате две години? Уште колку куќи треба да паднат за да сфатите дека сериозно е прашањето?”

▪️ Обраќање на пратеникот Димитар Апасиев кон министерката за култура Бисерa Костадиновска-Стојчевска

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

29.06.2022г.

Најнови објави