Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Пробугарската влада ги жртвува Македонците и Албанците за да остане на власт

▪️Прес-конференција на потпаролот на Левица, Амар Мециновиќ

На петтиот ден од сенародниот протест, на кој македонскиот народ кажува НЕ за наметнатиот бугарски ултиматум преку „францускиот предлог“ – со кој се омаловажува македонската посебност, историја и јазик, пробугарскиот СДС и терористичката ДУИ се обидоа да исценираат инцидент за подгревање на меѓу-етнички тензии.

Политичките елити нема да успеат да ги вперат еден против друг Македонецот и Албанецот – бидејќи знаеме дека е сценарио кое постојано го наметнуваат кога народот се крева против нив. Сево ова се случува, само за да останат на власт и да ги задржат своите фотељи! Пробугарскиот СДС и терористичката ДУИ се обединети во својот интерес, за нивните политичари да продолжат да се луксузираат и да живеат удобно додека народот секој ден, се повеќе губи! За да можат да продолжат да го угнетуваат народот, да бидат заштитени од институциите – и да ја втурнат полицијата да удира врз нас. Да ги исполнат барањата на Бугарија – и секој кој сака да се поткусурува со Македонија. Тие тргуваат со македонските национални интереси, како и со етничките чувства на народот!

Наметнувањето на инциденти од овој вид врз народниот протест, е со цел да се дефокусира јавноста – од кукавичкото претседателство на Стево Пендаровски – кој ветуваше писмени гаранции од Бугарија за понатамошниот тек на преговори, за подоцна да се демантира себеси. Од неспособната Влада на Димитар Ковачевски и предавничкото МНР на Бујар Османи – кои учествувале во изготвувањето на францускиот предлог иако ја лажат и манипулираат јавноста за неговата содржина. Дефокус од општата воља на народот да каже НЕ на разнебитувањето.

Затоа, време е мудро да се потсетиме за патот кој одбравме да го одиме. Да ги увидиме сите предизвици со кои ќе се соочиме и кои ќе ни ги наметнат. Да ги одредиме средствата со кои ќе стигнеме до целта – да ја турнеме предавничката власт, и да го обединиме народот во заштита на државните интереси.
Сегашниот државен врв, знаеме дека не само што не сака да ги заштити државните интереси, туку сака да ги распродаде – и ќе се користи со сите средства да ја изврши оваа задача. Повторно ќе наметнуваат меѓуетнички тензии, ќе уфрлуваат провокатори на протестот и ќе се користат со сите расположливи средства. Затоа, нашата борба за слобода треба да биде целосна против вољата на тиранијата!
Нашата сила е тоа што сме обединети во вистината наспроти лагите на елитите, а нашата слабост е што сега сетта злоба врз нас ќе се втурне!

Но, ние ќе победиме!

Смрт за фашизмот, слобода на народот!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

07.07.2022г.

Најнови објави