Пробугарската Влада не успеа да нѐ заплаши: народот излезе во уште поголем број

протести левица 2022

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Вчера, на шестиот ден од сенародниот протест против бугаризацијата на Македонија, на кој народот вели НЕ за ‚‚францускиот предлог‘‘, народот излезе во огромен број и покрај заплашувањата кои ги оркестрира окупационата Владата на СДС и терористичката ДУИ.

За денеска, најавени се БЛОКАДИ низ државата, вклучувајќи го и главниот град, каде ќе се блокира пред Владата на РМ. Ги повикуваме граѓаните да ни се приклучат со своите возила во периодот од 13 до 14 часот.

Разноликиот пристап за искажување протест против сегашната владејачка гарнитура и нивната поданичка надворешна политика, испраќа сигнал за народна сплотеност и истрајност во Борбата.

Покрај сите намери да се разбие протестот, гневот на народот не можеа да го амортизираат! Изминативе години, во кои со државата управуваат квислинзи, кулминираат со општа мобилизација на граѓаните на улиците ширум Републиката.

292626596 608779723938429 2462126392473930472 n
Нанад Нацев – македонски актер на протестот против бугаризација на Македонија

Борбата против омаловажувањето на Македонија и негирањето на македонската посебност, историја и јазик, кое го спроведуваат наши политичари на барање на Бугарија, нè води кон враќање на меѓународното и домашното достоинство на Македонија.

Сенародниот протест ќе продолжи во недела, во 19:00 часот пред Владата на РМ.

Ќе победиме!

#NoPasaran

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

08.07.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ