(Видео) Мециновиќ: Претставка до Одделот за внатрешна контрола против полициските службеници за инцидентот кај Мавровка

Амар

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

▪️Прес-конференција на портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ

,,До одделот за внатрешна контрола при МВР, Левица денес поднесе претставка за барање за спроведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на полициски службеници.

Ова се однесува на вооружениот инцидент кај плоштадот „Скендербег“ во Скопје, од 7. Јули, за време на мирниот протест на граѓаните против бугаризацијата и срамниот т.н. „француски предлог“. Како што знаеме, неколку лица кои јасно се гледаат на фотографиите објавени низ медиумите, свесно употребиле огнено оружје и со дополнителни дејствија го нарушиле јавниот ред и мир.

При овој инцидент, полициските службеници кои се наоѓаат на местото на настанот не презеле соодветни мерки за неутрализирање на опасноста која може да настане при употреба на оружјето, и сето ова е видно од бројните слики и видеа кои се појавија на социјалните мрежи. Со својата постапка, полициските службеници умислено постапиле спротивно на Правилникот за начинот на вршење на полициските работи.

Повикувајќи се на овој Правилник, тие требале:

  • според член 42 да ги предупредат вооружените лица;
  • според член 45 да им наредат да го спуштат оружјето;
  • според член 47 да го одземат употребеното оружје и
  • според член 55 вооружените лица да бидат задржани.

Очигледно е непрофесионалното постапување во конкретниот случај. За илустрација, 11 лица се наоѓаат во притвор за нередите пред Собранието, иако ниту едно од нив не е од оние уфрлени лица со качулки кои го исценираа и предизвикаа инцидентот.

Сведоци бевме и на употребата на прекумерна сила од страна на полицијата пред Собранието, целосно спротивно на тоа како полицијата постапи за време на инцидентот кај плоштадот „Скендербег“.

Според податоците кои пристигнуваат до нас, целото сценарио од петтиот ден од сенародниот протест е во режија на структурите на безбедност под палка на пробугарската власт. Политичките елити се обидуваат да предизвикаат меѓуетнички тензии.

Но, тоа е сценарио кое повеќе кај Македонците и Албанците не поминува! Овие протести се против предавничките структури на власт и за задржување на цивилизациското право на македонскиот народ на самоопределување.

Дополнително, албанскиот народ, кој во историјата истотака се соочувал со идентитетска репресија и негативни квалификации – може да се поистовети со сегашната голгота на Македонците, и тоа ги плаши политичарите, кои се научени да владеат делејќи го општеството по етно-трибалистички основи.

Затоа, ги повикуваме Албанците да се придружат на денешната поворка на демонстрантите која повторно ќе помине од плоштадот „Скендербег“ до МНР. Да испратиме порака на сплотеност против надворешните непријатели кои нашата разединетост ја користат во своја полза!

За Македонија и против фашизмот!

Дојдете со нас!”

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

12.07.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ