Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Протоколот ја прави Македонија колонија на Бугарија

Капитулантскиот Протокол, стокмен од врховистичко-балистичката клика во власта, пред некој ден беше објавен во бугарските медиуми.

Според него, Македонија за старт на преговори мора:

1. Да внесе Бугари во Уставот и цело законодавство

Со ова, едната крајна цел е во бројот на Бугари во Македонија да влезат сите Македонци со бугарски пасош. Потоа, врз основа на таа бројка, да се формира процент на застапеност на Бугари во Македонија и врз основа на тој процент да се бараат квоти за вработување на Бугари во државни институции.

Другата крајна цел е после избори, бугарските сателит партии да учествуваат во поделба на владиниот апарат.

2. Во исто време Македонија мора да потврди дека се откажува од македонско малцинство во Бугарија.

3. Македонија мора да ѝ даде копии на Бугарија од сите методолошки насоки, учебници, учебни помагала и други образовни материјали за од Бугарија да добива команди што чини, а што не чини.

4. Македонија мора Министерството за надворешни работи да го претвори во Министерство за полиција на мислата.

Министерството за надворешни работи мора да го лови секое спомнување на бугарски фашистички окупатор и фашистички ѕверства од Втора светска војна, секој натпис на споменици од НОБ за бугарски фашисти, секор такво спомнување во учебници и учебни програми, дури и секое спомнување во медиуми.

Министерството мора секоја таква појава да ја третира како говор на омраза и непријателска пропаганда кон Бугарија и да создаде механизам за супресија со кој тоа ќе се спречи. Во превод крајна цел е цензура и контрола на мислата.

5. Македонија мора да и дозволи непречен пристап на Бугарија до македонските архиви во периодот од 1945 до 1991 година.

6. Македонија мора да направи календар за заедничко чествување на сите историски ликови и настани од среден век, па се до 1944 година како ликови и настани од заедничка историја на Македонија и Бугарија.

7. Да се стави нова табла пред тврдината на Самуил по бугарски терк, да се даде нова предлог програма за Самуил која во иднина треба да стане државна учебна програма.

8. Комисиите за историја и образование да се состануваат од осум до десет пати како Македонија би добивала повеќе диктати.

А потоа, откако ќе почнат преговорите, Македонија до влез во ЕУ мора:

Да го смени учебникот по географија за седмо оделение, во иднина нешто ако не и се допаѓа на Бугарија по учебници веднаш да се мени, ако Македонија реши да менува нешто во учебници прво да праша во Бугарија, да спроведува апсолутна цензура и контрола на мисла по бугарски терк и да ги исполни сите диктати на Бугарија кои се однесуваат на историја, образование и споменици.

Вака повеќе не може!

Придружете ни се и денес во 19 часот пред Влада да го спречиме ова предавство.

Долу Влада!

Да живее Македонија!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

12.07.2022г.

Најнови објави