Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

(Видео) Крмов до Џафери: Монархија ли е ова?!

„Јас побарав процедурално, а Вие ми го ускративте тоа деловничко право. Да, Вие давате збор, но Вие давате збор според оваа книга (Деловникот), а не давате збор кога Ви се сака. Не зависи Собранието од Вашата волја, т.е. не треба да зависи, а зависи! Што е ова, монархија?

Не може моето право што го гласале осум илјади луѓе да зависи од Ваша волја. Ќе станете Вие сабајле и ќе одлулчите дека денеска нема да има процедурално. Дека денеска ќе има Процедурално само за координатори, заменици-координатори. Утре ќе биде само за координатори, замениците мора да излезат од сала. Димитар мора да излезе од сала за да добие нешто што му следува!?

Забелешка за неправилна примена на Деловникот има предност – пишува „веднаш“! Системот ме исфрли веднаш со „зелено“, а Вие ме терате за процедурално, обезбедување да интервенира. Треба да се тепам тука за моето право кое ми го дава народот, не ми го давате Вие. Вие раководите по оваа книга (Деловникот), а не како што Вие сакате. Посебно не денес, со овој шверцерат кој ни се случува!

Јас сум Пратеник и имам имунитет и тука и надвор. Кога вас колеги од СДС ве влечеа за коси и ве шутираа, не ви се допадна, а сега вие употребувате обезбедување против нас“.

(Процедурално обраќање на пратеникот Борислав Крмов за време на пленарната седница свикана за „Францускиот предлог“)

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
14 јули, 2022

Најнови објави