Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

(Видео) Џафери да објасни за вооружените лица низ ходниците на Собранието

▪️ Обраќање на пратеникот Димитар Апасиев.

„Ќе се повикам на член на којшто досега се немам повикано, поточно, член 246 – одржување на редот во Собранието е работа на посебна служба во Собранието, ставот 3 вели, носење оружје во зградата на Собранието не е дозволено освен за лицата овластени за одржување на редот во Собранието.

Во текот на денот видов триесетина лица како се шетаат со видливи пиштоли на нив по ходниците, кои не истите лица од службите на Собранието. Што вие, претседателе правите, за да ја спречите оваа атмосфера на притисок врз пратениците, која досега е невидена. По кој член и став пратениците се должни по ходниците да гледаат вооружени неидентификувани лица?

Во зградата на Собранието е забрането внесување на оружје и муниција. Објаснете, по кој член од Деловникот се пуштени лица со пиштоли во Собранието? Дали е тоа намерно и тенденциозно? Бараме објаснување, бидејќи вие сте надлежни за тоа.“

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
14 јули, 2022

Најнови објави