Протоколот со Бугарија е всушност рехабилитација на фашизмот

gevgelija гевгелија

Според потпишаниот Протокол со Република Бугарија, Република Македонија ќе треба да ги отвори архивите и да се извини на Бугарија за “жртвите” кои ги претрпеле од страна на македонските комунисти во антифашистичката и народноослободителна борба на македонскиот народ во Втората Светска Војна.

Исто така според Протоколот, говор на омраза ќе се сметаат и натписите на спомениците на партизаните и комунистите на кои пишува дека се убиени од бугарскиот фашистички окупатор, при што МНР на Република Бугарија ќе побара отстранување или бришење на тие споменици.

Еден од многуте споменици подигнат за жртвите на бугарскиот фашистички окупатор е и споменикот во месноста “Мала река” во Гевгелија.

294427537 427032782787358 1570571235022601390 n

На 28.12.1943 година од страна на бугарската фашистичка жандармерија се уапсени повеќе лица, комунисти, од селата во гевгелиска општина.

Уапсените лица се сослушувани во полицискиот участок во Гевгелија, лично од подначалник Саво Савов и околискиот началник Атанас Иванов-Танче, речиси без прекин, дење и ноќе. Окупаторот во ќелиите ставал и свои луѓе – доушници за да дознае нешто повеќе, а неговите мерки биле безмилосни, удирање со кундаците по телата на затворениците, со надеж дека со ќотек и мачење ќе ги натераат да проговорат.

“Ноќта беше долга и мачна… отсекаде се слушаа шумови. Ги видов свекорот Ристо Бојмалиев, Ристо Шуклев, Ѓорѓи Велков и Борис Карпузов. Сите нив, потоа во месноста „Мала река“ близу југословенско-грчката граница ги убија на најѕверски начин. Главите им беа искршени со стапови и закопани речиси полумртви. Додека кај нив не настапила смртта, тие копале, гребеле под земјата. Извештај за откопувањето на телата даде доктор Мицев.” – сведоштво на Анета Бојмалиева, членка на КПМ од село Негорци.

Ние, наследниците на македонските антифашисти, внуците на партизаните и комунистите, на оваа квинслиншка пробугарска и врховистичка влада и порачуваме: Нема да дозволиме рехабилитација на фашизмот, жртвите кои ги дале нашите предци за слободна Македонија нема да бидат залудни, ние сме победници во Народноослободителната борба и немаме намера на никој да му се извиниме.

За АСНОМ-ска Македонија!

Смрт на фашизмот!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ГЕВГЕЛИЈА

22.07.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ