Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Протоколот – грубо мешање на Бугарија во внатрешните работи на Македонија


Иако поминаа неколку дена од потпишувањето на Протоколот на Македонија со Бугарија, многубројни се сите инстанци на негативни “придобивки”, кои тој ги носи за Република Македонија.

Од правен аспект, со овој Протокол, од страна на Бугарија, се врши грубо мешање во внатрешните работи на Македонија и со тоа се крши еден од основните принципи во меѓународните односи, имплементиран и во нашиот Устав.

Во Протоколот се наведува дека :

“Двете држави да разменат, согласно член 12 од Програмата меѓу владата на Република
Северна Македонија и владата на Република Бугарија за соработка во областа на образованието и науката, копии од сите образовни програми, учебници, учебни помагала и други релевантни учебни материјали во образовните програми на двете држави”.

Дополнително, во Македонија ќе се контролира искажаните ставови на поединци и организации. Затоа, секоја реакција ќе може да биде санкционирана како говор на омраза. Бугарија ќе има право да контолира кои споменици се поставуваат и какви натписи ќе имаат. Истотака, ќе се има увид во тоа какви книги ќе се печатат во Република Македонија.

Освен јасно изразената цензура на македонскиот народ по терк на колонијалните апетити на Република Бугарија, веќе знаеме дека тие ќе можат да го наметнат сопствениот наратив за македонската историја и култура.

Но, истото тоа нема да важи за Република Бугарија и со тоа се крши – уште еден основен елемент во меѓународното право – реципроцитет.

Жално е што на овој Протокол стои потпис од македонски министер кој доби подршка од пратениците на пробугарското мнозинство во Собранието, со што уште еднаш се покажа какви се амбициите на оваа власт.

Предавнички и врховистички. Пробугарската СДС и терористичката ДУИ се целосно ставени во служба на бугарските интереси.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

23.07.2022г.

Најнови објави