За бугаризацијата ќе одвојуваме средства во тек на економската криза

левица

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Со Протоколот за најголемото велепредавство, Македонија треба да исполни премногу понижувачки и срамни мерки пред да се одржи вистинската Меѓувладината конференција за комплетирање на фазата на отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Пред сè, услов е стапувањето во сила на уставните измени, донесени на сила. Согласно протоколот, Македонија не смее да се меша во внатрешните работи на Бугарија, иако таа има право да врши мониторинг на македонската историја, дури и географија, што во значајна мера ќе го бугаризира нашето културно и историско наследство.

Бугарија ќе ни ги одобрува учебниците, ќе се ифрлат од употреба дел од учебниците и учебните помагала што не се во духот на бугаризацијата, за потоа говорот на вистината да се смета за говор на омраза, затоа што не е во согласност со бугарските фашистички барања.

Нивното право за мониторинг, менување и цензура се проширува и во делот на издавање и финансирање на нови книги, документарни изданија и списанија, филмови и друга уметничка продукција, како и на споменици на културата и прослави. Бараат дури и рехабилитација на „жртвите од репресиите во комунистичкиот период.“

Мерките во делот на одбранбената соработка вклучуваат, но, не се и ограничени на: обука на воени лекари за потребите на Македонија; јазична обука и тестирање; учество во регионални одбранбени иницијативи; заштита, одржување и реставрација на бугарските воени споменици и воени спомен-локалитети на територијата на Македонија; принципиелна поддршка и подготвеност за спроведување од страна на Република Бугарија, операција за заштита на воздушниот простор според процедурите и во рамките на интегрираниот систем на НАТО.

Тешко дека ќе ѝ биде одземена меморијата на повозрасната генерација, сè уште се памтат ѕверствата од бугарскиот окупатор извршени не само врз партизаните, туку и врз невини деца и жени во Втората светка војна. И сите фашистички и окупаторски мерки што треба да бидат спроведени од страна на Македонија, ќе предизвикаат и дополнителни ФИСКАЛНИ ИМПЛИКАЦИИ, пари од народот, што во оваа економска криза би значело дополнително задолжување и кратење на развојните проекти.

Јамката која ни ја ставаат околу врат ќе ја платиме ние, а цената е превисока. Јажето ќе си го купиме сами!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

24 јули, 2022

FB IMG 1658673824522

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ