Ниту културата ни медиумите нема да останат имуни на бугаризацијата

сектор култура

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Покрај историјата, ниту културата ни медиумите нема да останат имуни на бугаризацијата. Очигледно е дека бугарската дипломатија, мислела на сѐ, без да испушти ниту еден аспект кој (еднострано) ќе го регулира целокупниот јавен живот во Република Македонија.

Во делот „Програма за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Бугарија и Министерството за култура на Република Македонија за периодот 2022-2025“, регулирани се можностите за соработка во областа на изведувачките и визуелните уметности, музеите, културното наследство, издаваштвото и дистрибуцијата на книги, библиотечното работење, филмската уметност и нематеријалното културно наследство. Програмата, наводно, создава поволна рамка за продлабочување на соработката во областа на културните и креативните индустрии.

Навидум, нема ништо спорно во културна соработка и размена помеѓу суверени држави, секако доколу е на доброволна, а не на наметната основа. Но, имајќи го предвид остатокот од протоколот, свесни сме дека ова е Тројанскиот коњ за директна инфилтрација на бугарската култура и перфидна индоктринација на највулнерабилната категорија граѓани – младите. Знаеме дека и досега идеолошките влијанија и наметнување на културни кодови (во позитивна или во негативна смисла) се вршеле преку културата, разни културни и уметнички проекти, фестивали за млади и сл. Затоа, ова продлабочување на соработката во областа на културата, во превод значи директни бугарски влијанија во македонската култура, но не и обратно.

Уште еден облик на суптилна тоталитарна пресија и отворена цензура и влијание е регулацијата на говорот на омраза. Категорија која е крајно дискутабилна и може да се толкува многузначно. Нешто што очигледно ќе важи за нас, но не и обратно.

Според овој дел од протоколот, државите ја потврдуваат обврската за преземање на мерки против секаков вид на говор на омраза и ги определуваат министерствата за надворешни работи за контакт и за информирање на надлежните институции за заедничко идентификување на такви случаи, во написи на јавни згради и споменици, текстови во учебници и учебни програми, како и во јавниот простор. Ова би значело дека историските споменици ќе мора да се цензутираат, или поучени од искуството, да се брусат.

Протоколот понатака вели, дека двете држави ќе преземат ефикасни мерки за превенирање на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат активности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични активности, кои би наштетиле на нивните односи.

Тоа значи, дека сѐ што на бугарската страна ќе и наликува на говор на омраза ќе се санкционира. Сето ова се поклопува со новоформираниот иститут за борба со дезинформции „Институт за медиуми и аналитика“ на владините активисти Жарко Трајановски и Петрит Сарачини. Ваков тип на цензорски институти и организации ќе имаат намера без одложување да идентификуваат такви случаи и да ловат „недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции“ и ќе обесхрабрува активности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза и слични активности.

Овде повторно се наметнува прашањето дали ова ќе се однесува за „говор на омраза“ упатен кон Бугарија или и обратно од бугарска страна кон Македонија, за што искрено се сомнваме?

Според ова, очигледно е дека врховистичката СДС и терористичката ДУИ се целосно ставени во служба на бугарските, наместо на македонските национални интереси.

294898203 423524956475621 4090999290945976254 n

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – СЕКТОР КУЛТУРА

26.07.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ